Љубомир Милошески изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 декември 2013 година (вторник), во 19:30 часот ќе се отвори изложба на Љубомир Милошески. На оваа изложба Љубомир Милошески говори за уметникот како номад и го поставува прашањето – колку е битно местото на живеење за творење. Социо-човекот е преокупиран со мобилната телефонија, интернетот, културата, тој патува, гради… влегува во нова епоха, се преселува (мигрира), влегува во системот на миграции од сите сфери. Преку ова […]