Маја Кировска и Ангел Миов изложуваат во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 26 декември 2013 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Маја Кировска и Ангел Миов. Експликацијата на најновиот проект на Ангел Миов, насловен иронично „Повлечи ги конците…“, нуди повеќе отворени толкувања на самиот наслов, но и на ликовниот материјал со променлив контекст и значења во современието. Тематскиот интерес кон преовладува во делата на Ангел Миов е испитувањето на процесите и се потпира на […]