Изложба на Решат Амети по повод „25 години творештво“

Во ликовниот салон при Македонската академија на науките и уметностите во соработка со НУ – Национална галерија на Македонија на 7 Април (четврток) во 19:00 часот, финансиски поддржана од Министерство за култура на РМ ќе се отвори самостојната изложба на Решат Амети по повод “25 години од неговото ликовно творештво”. Со оваа изложба продолжува соработката помеѓу Националната галерија на Македонија и Македонската академија на науките и уметностите преку презентирање на ликовните остварувања на истакнати автори […]

Росица Лазеска изложува во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 28 мај 2013 година (вторник), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Росица Лазеска. Цртежот како начин на ликовно изразување во кој линијата доминира како изразно средтво некако спонтано се наметнува како продолжение на претходните преокупации на Росица Лазеска – графиката. Експресивната, динамична ткаенина на линии во меѓусебна комуникација со графичките знаци форми и тонови создава хармонично обликувани астрактни композиции. Линијата во нејзините дела е […]

„Блесок“ на Нарциса Андреевска во Мала станица

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 2 ноември 2012 (петок) во 20 часот ќе се отвори изложба на Нарциса Андреевска. Секоја нова средба со творештвото на Нарциса Андреевска буди нов предизвик и наметнува цела низа прашања што носат дилеми и, секако, со толкувањето на нејзините дела се добиваат одговорите. Сето тоа е изразено во маслата преку кои се обидуваме како посматрачи да впловиме во нејзината интима изразена со колоритот, […]