Отворена изложбата на Мајлинда Келменди во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, вчера (среда, 22 мај 2013 година), во 20:00 часот се отвори изложбата на Мајлинда Келменди, со наслов Идентитет и дијалог. Изложбата ја отвори директорката Халиде Палоши, пред бројните гости и посетители. Мајлинда Келмеди е родена во Тирана, а живее и работи во Приштина. Професор е на Факултетот за ликовни уметности во Приштина и член на Косовската академија на науките и уметностите. Нејзиното творештво е излагано во бројни […]