Отворена изложбата на Мајлинда Келменди во Чифте амам

Share Button

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, вчера (среда, 22 мај 2013 година), во 20:00 часот се отвори изложбата на Мајлинда Келменди, со наслов Идентитет и дијалог.

majlinda kelmendi cifte amam

Изложбата ја отвори директорката Халиде Палоши, пред бројните гости и посетители.

Мајлинда Келмеди е родена во Тирана, а живее и работи во Приштина. Професор е на Факултетот за ликовни уметности во Приштина и член на Косовската академија на науките и уметностите. Нејзиното творештво е излагано во бројни галерии и музеи во Европа и Америка, а исто така за нејзиното творештво е пишувано во многу списанија за уметност во светот, а вреди да се напомене дека и престижниот New York Times има посветено статија за нејзината уметност.

majlinda kelmendi cifte amam 2

majlinda kelmendi cifte amam 3

majlinda kelmendi cifte amam 1

Share Button