Монографија за донациите во културата од Амбасадорскиот фонд на САД

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје вчера ја промовираше монографијата „Зачувување и заштита“, во која се претставени реализираните проекти од културното наследство во Македонија, Албанија, Косово и во Црна Гора, заштитени и обновени со грантови од Амбасадорскиот фонд, од 2001 до 2012 година … Од Амбасадорскиот фонд на САД во Македонија се инвестирани повеќе од 1 милион долари во 11 проекти за зачувување, реставрација и конзервација: Јавна зграда – Стоа на локалитетот Вардарски рид […]

Отворена изложбата на Мајлинда Келменди во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, вчера (среда, 22 мај 2013 година), во 20:00 часот се отвори изложбата на Мајлинда Келменди, со наслов Идентитет и дијалог. Изложбата ја отвори директорката Халиде Палоши, пред бројните гости и посетители. Мајлинда Келмеди е родена во Тирана, а живее и работи во Приштина. Професор е на Факултетот за ликовни уметности во Приштина и член на Косовската академија на науките и уметностите. Нејзиното творештво е излагано во бројни […]

Најава за македонскиот павилјон на Венециското биенале

Добредојдовте во Националната галерија на Македонија на прес-конференцијата по повод најавата за отворањето на македонскиот павилјон и промоција на проектот Silentio Pathologia на Елпида Хаџи-Василева, како наш национален претставник на 55-то Венециско биенале. Имено ја користиме оваа прилика за да ве информираме дека делото е успешно завршено и дека утре треба да пристигне во Венеција, за да отпочне неговото инсталирање во просторот на Scuola dei Laneri. Се очекува инсталирањето на трае 10 дена, заради комплексноста […]