Изложба Есенција на егзистенцијата на 25 македонски современи уметници

Во галеријата Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 29 декември 2015 (вторник) во 20.30 часот ќе се отвори изложбата Есенција на егзистенцијата на која се застапени 25 македонски современи уметници. Истата изложба во јуни 2015 година беше отворена во галеријата Лауба во Загреб каде имаше огромен интерес од публиката и стручната јавност, а за следната година пoстои интерес изложбата да патува и во други галерии и музеи од регионот. „Есенција на егзистенцијата“ е […]

Отворена изложбата на Мајлинда Келменди во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, вчера (среда, 22 мај 2013 година), во 20:00 часот се отвори изложбата на Мајлинда Келменди, со наслов Идентитет и дијалог. Изложбата ја отвори директорката Халиде Палоши, пред бројните гости и посетители. Мајлинда Келмеди е родена во Тирана, а живее и работи во Приштина. Професор е на Факултетот за ликовни уметности во Приштина и член на Косовската академија на науките и уметностите. Нејзиното творештво е излагано во бројни […]

Урош Ѓуриќ во Мала станица со „Тишина“

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 23 ноември 2012 година (петок) во 20 часот ќе се отвори изложба на Урош Ѓуриќ со наслов Тишина. Урош Ѓуриќ го преиспитува меѓуодносот уметник-публика, системот на уметноста-државата и воведувајќи се себеси како референтна точка во тие процеси, го преиспитува местото на уметникот во тој систем на дејствување како активен учесник во микро и макроопштествените хоризонти на реалноста. Различните медиуми на изразување какви што […]