Националната галерија утре го отвара македонскиот павилјон во Венеција

Најнови информации за активностите на Македонскиот павилјон на 55. Венециско биенале. Инсталацијата на Елпида Хаџи-Василева успешно се постави во понеделникот. Општ впечаток на тимот на Национална галерија на Македонија е дека целината изгледа одлично, ја поседува трансцеденталноста, магијата, изненадувањето, шокот што сите го очекувавме. И уметникот, кураторот, комесарот се презадоволни од самото дело, а за неговата интригантност говори и бројот на посетители. Во првите два дена на preview-то, македонскиот павилјон го посетија над 300 посетители, […]