Националната галерија утре го отвара македонскиот павилјон во Венеција

Share Button

Најнови информации за активностите на Македонскиот павилјон на 55. Венециско биенале. Инсталацијата на Елпида Хаџи-Василева успешно се постави во понеделникот. Општ впечаток на тимот на Национална галерија на Македонија е дека целината изгледа одлично, ја поседува трансцеденталноста, магијата, изненадувањето, шокот што сите го очекувавме.

venecisko bienale NGM Elpida Hadzi Vasileva (2)

И уметникот, кураторот, комесарот се презадоволни од самото дело, а за неговата интригантност говори и бројот на посетители. Во првите два дена на preview-то, македонскиот павилјон го посетија над 300 посетители, а некои од нив дошле по препорака од други кои веќе го виделе и препорачале проектот на Елпида Хаџи-Василева.

Никој не си замина рамнодушен, повеќето заминаа со воодушевеност за концепциската и визуелна комплексност на проектот, акцентирајќи ја истовремената сложеност и едноставност. Некои заминаа со доза на шок, но секако допре до сечиите сетила. Изложбата има голем одзив.

Официјалното отворање го очекуваме на закажаниот термин во петок, на 31 мај 2013 година, во 15 часот, а своето присуство го најавија голем број светски галеристи, куратори, колекционери.

venecisko bienale NGM Elpida Hadzi Vasileva (3)

venecisko bienale NGM Elpida Hadzi Vasileva (1)

venecisko bienale NGM Elpida Hadzi Vasileva (5)

venecisko bienale NGM Elpida Hadzi Vasileva (4)

Share Button