Отворање на изложбата на Ибрахим Беди
Отворање на изложбата (3 септември 2013) на Беди Ибрахим насловена “Од приказните за амамот” во Чифте амам. Изложбата ја отвори уметникот Ацо Становски и директорката на НГМ, Халиде Палоши. Беди Ибрахим во своето творештво користи неконвенционални материјали во креирањето на делото и нивно комбинирање, создавајќи амбиентални инсталации со симболика во пораката. Така и за оваа изложба пребарувајќи во сопствените сеќавања за приказните за Чифте амам создава сопствена приказна која за идните генерации ќе биде едно […]
Националната галерија утре го отвара македонскиот павилјон во Венеција
Најнови информации за активностите на Македонскиот павилјон на 55. Венециско биенале. Инсталацијата на Елпида Хаџи-Василева успешно се постави во понеделникот. Општ впечаток на тимот на Национална галерија на Македонија е дека целината изгледа одлично, ја поседува трансцеденталноста, магијата, изненадувањето, шокот што сите го очекувавме. И уметникот, кураторот, комесарот се презадоволни од самото дело, а за неговата интригантност говори и бројот на посетители. Во првите два дена на preview-то, македонскиот павилјон го посетија над 300 посетители, […]