Отворање на изложбата на Ибрахим Беди
Отворање на изложбата (3 септември 2013) на Беди Ибрахим насловена “Од приказните за амамот” во Чифте амам. Изложбата ја отвори уметникот Ацо Становски и директорката на НГМ, Халиде Палоши.
Беди Ибрахим во своето творештво користи неконвенционални материјали во креирањето на делото и нивно комбинирање, создавајќи амбиентални инсталации со симболика во пораката. Така и за оваа изложба пребарувајќи во сопствените сеќавања за приказните за Чифте амам создава сопствена приказна која за идните генерации ќе биде едно ново кажување и приказна, но и будење на меморијата и откривање на нова и до сега неоткриена симболика за оние за кои овој објект е дел од историјата но и денешницата.