Љубомир Милошески изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 декември 2013 година (вторник), во 19:30 часот ќе се отвори изложба на Љубомир Милошески. На оваа изложба Љубомир Милошески говори за уметникот како номад и го поставува прашањето – колку е битно местото на живеење за творење. Социо-човекот е преокупиран со мобилната телефонија, интернетот, културата, тој патува, гради… влегува во нова епоха, се преселува (мигрира), влегува во системот на миграции од сите сфери. Преку ова […]

Отворање на изложбата на Ибрахим Беди

Отворање на изложбата (3 септември 2013)  на Беди Ибрахим насловена  “Од приказните за амамот” во Чифте амам. Изложбата ја отвори уметникот Ацо Становски и директорката на НГМ, Халиде Палоши. Беди Ибрахим во своето творештво користи неконвенционални материјали во креирањето на делото и нивно комбинирање, создавајќи амбиентални инсталации со симболика во пораката. Така и за оваа изложба пребарувајќи во сопствените сеќавања за приказните за Чифте амам создава сопствена приказна која за идните генерации ќе биде едно […]

Беди Ибрахим со изложбата “Од приказните за амамот” во Чифте амам

Беди Ибрахим / Од приказните за амамот во Чифте амам Отворање: 3 септември 2013, 20 часот (03-16.09.2013) Чифте амам, еден од трите објекти на Националната галерија на Македонија, објект изграден во средината на 15 век, во својата првобитна намена бања, подоцна адаптиран во галериски простор, отсекогаш бил предизвик за излагање за современите уметници, а не ретко и инспирација за нивното творештво. Беди Ибрахим за својот проект за најновата изложба со наслов Од приказните за амамот е инспириран […]

Омаж за Димче Николов во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 јуни 2013 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Димче Николов (1953-1998), по повод 60 години од неговото раѓање. Димче Николов претставува значајна и клучна фигура во на развојот на современата македонска графика и со неговата појава, кон крајот на 70-те години на 20-от век, оваа уметност доби поинаква димензија и квалитет во Македонија. Тој даде свој значаен придонес во афирмирањето на […]

Мајлинда Келменди со “Идентитет и дијалог” во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 мај 2013 година (среда), во 20:00 часот ќе се отвори изложба на Мајлинда Келменди, со наслов Идентитет и дијалог. Нејзиното трагање по човековите вредности е длабоко инкорпорирано во нејзиното творештво. Потрагата по сопствениот идентитет е основната нишка во нејзиниот ликовен израз. Модалитетите од човековото живеење таа ги пренесува во својата уметност. Историјата како основа за човековата идентификација Келменди ја преточува во визуелни дела што сведочат […]