Изложба на Благоја Маневски и Јован Шумковски во КИЦ Софија

Во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија, за меѓународна соработка во Културно информативниот центар на РМ во Софија, Бугарија на 16 ноември 2015 година (понеделник) во 18 часот ќе се отвори изложба на Благоја Маневски и Јован Шумковски со наслов „Ретро-спекции“. Ретроспекции Ана Франговска Благоја Маневски и Јован Шумковски се едни од најафирмираните и клучни имиња во генерирањето на македонската современа сцена. Тие се претставници на генерација творци што ги почнаа своите активности […]

Ретроспективна изложба на Александар Кондев

На 4 ноември 2015 година, во 20:00 часот, во Националната галерија на Македонија – објект „Чифте амам“ – ќе биде отворена ретроспективната изложба на фотографии на Александар Кондев. Куратор на проектот е Златко Теодосиевски. Изложбата ќе биде поставена до 22-ри ноември 2015 година. Златко Теодосиевски АЛЕКСАНДАР КОНДЕВ – СВЕТОТ КАКО ВИЗУЕЛЕН ПРЕДИЗВИК  Александар Кондев (1950) е еден од оние македонски фотоуметници, чиешто фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на фотографската мисла кај нас и, […]

Изложба на Марија Сотировска Богдановска – „Условен круг“

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 септември 2015 година (четврток), во 20:30 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Марија Сотировска Богдановска под наслов „Условен круг“. Марија Сотировска Богдановска е родена во 1983 година во Скопје. Дипломира во 2006 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“, отсек сликарство, со насока конзервација и реставрација под менторство на проф. Благоја Маневски. Во 2011 година магистрира сликарство […]

Изложба по повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 2 декември 2014 година (вторник) во 13 часот ќе се отвори изложба по повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, со наслов Сите сме еднакви. Во таа насока Националната галерија на Македонија преку изложбата ,,Сите сме еднакви,, го одбележува Меѓународениот ден на лицата со посебни потреби каде е преставено творештвото на учениците од неколку училишта. Тие на најискрен начин ни ги испраќаат основните вредности на […]

VI Младински пролетен салон

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 25 ноември 2014 година, во 19 часот ќе се отвори VI Младински пролетен салон. Барок, класицизам, модернизам, постмодернизам, футуризам, Скопје 2014, нови фасади, минато, сегашност и иднина… Термините што многу често го слушаме во последно време. Доживувањето на еден град се сведува на различни погледи од исто толку индивидуи, а не се прост збир на хоризонтали и вертикали Да сте архитект, или да бидете во ситуација […]

Изложба на Исмет Рамиќевиќ во Чифте амам

На 28 октомври 2014 година (вторник), со почеток во 20 часот, во организација на НУ Национална галерија на Македонија, во објектот Чифте амам ќе биде претставена самостојната изложба на Исмет Рамиќевиќ под наслов „Насока“. При лоцирањето на местото на Исмет Рамиќевиќ во одредени рамки на историјата на современата македонска уметност, како неизбежна одредница ја посочуваме секако неговата припадност на генерацијата што почнува да создава на оваа почва во осумдесеттите години и што ја дефинира македонската […]

“Посттранзициска релевантност: Комбинација од неколку партии на вечери” – поставка

„Варг е Ви“ (Јетон Муја, Авни Шкодра, Дин Азизи, Авни Рудаку, Артан Хајрулаху, Куштрим Зеќири и Бесим Бафтиу) е мултимедијална уметничка група од Гнилане, Косово, составена од седуммина уметници, што се изразуваат во различни уметнички дисциплини, т.е. визуелни уметници, перформативни уметници, музичари, писатели. Ваквиот широк дијапазон на креативна експресија е предност за целата група и за содржината на нивните презентирања бидејќи станува збор за интелектуална анимација на повеќето сетила и чувства. Актуелното секојдневие ги засега […]

Хасан Налбани изложува во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 6 октомври 2014 година (понеделник) во 19:30 часот ќе се отвори изложба на албанскиот уметник Хасан Налбани. Хасан Налбани (1934) е претставник на првата генерација едуцирани албански уметници, образувани на тогаш оформената Академија за ликовна уметност во Тирана (дипломирал 1964 година). Оваа генерација воведува нови стандарди на албанската ликовна сцена, влијае врз модернизација во стилскиот вокабулар и успева на современ начин да ја пренесе споната помеѓу […]

Јубилејна изложба на Василие Поповиќ – Цицо (1914-2014)

На 4 октомври 2014 година (сабота), со почеток во 20.00 часот, во организација на НУ Национална галерија на Македонија и Музеј МНТ при Македонскиот народен театар, во Даут-пашиниот амам ќе биде претставена јубилејната изложба Столетие, Василие Поповиќ – Цицо (1914-2014). Изложбата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија, и воедно е дел од манифестацијата „Бела ноќ“. Истата ќе биде отворена до 4 ноември 2014 година. На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 260 […]

Петра Јовановска и Јиржи Кованда – поставка

Изложба на Петра Јовановска и Јиржи Кованда отворена во Чифте амам, во Старата скопска чаршија … Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 23 септември 2014 година отворена е изложбата на Петра Јовановска и Јиржи Кованда.