Потпишан меморандум за соработка меѓу НУ Национална галерија на Македонија и Уметничкиот музеј во Нингбо, Кина

Вчера, (четврток, 28 јануари) во просториите на мултимедијалниот центар Мала станица беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ Национална галерија на Македонија и Уметничкиот музеј во Нингбо, од Народна Република Кина. На средбата помеѓу претставниците на двете институции се искажа подготвеност за продлабочување на соработката, културна размена со Уметничкиот Музеј во Нингбо, Народна Република Кина на база на реципрочна соработка, размена на идеи, искуства, знаења, уметност, уметници и друго, со цел запознавање одблиску со културата […]