„Организми“ на Маја Кировска (поставка)
Маја Кировска во нејзиниот проект „Организми“ прави компарација помеѓу материјалите од природно и артифициелно потекло, поточно помеѓу животинскиот и растителниот свет, кристалите и синтетичките материјали, односно нивната сличност на микроскопско ниво. Основното прашање кое оваа авторка го поставува е (не)постоењето на граница помеѓу организмите со „интелигенција“ и оние кои се дефинирани како не-живи материи, при што се претставени разни примери на циркуларниот систем кај растенијата, животните и луѓето, но и молекуларни споредби. Ангажираниот момент во […]