„Организми“ на Маја Кировска (поставка)

Маја Кировска во нејзиниот проект „Организми“ прави компарација помеѓу материјалите од природно и артифициелно потекло, поточно помеѓу животинскиот и растителниот свет, кристалите и синтетичките материјали, односно нивната сличност на микроскопско ниво.
Основното прашање кое оваа авторка го поставува е (не)постоењето на граница помеѓу организмите со „интелигенција“ и оние кои се дефинирани како не-живи материи, при што се претставени разни примери на циркуларниот систем кај растенијата, животните и луѓето, но и молекуларни споредби. Ангажираниот момент во овој проект се базира врз преиспитувањето на нашата свест во однос на декларативното користење и заштита на различните светови и конечно, нашата искрена релација со сите прашања што го засегаат човештвото.