Замислувајќи го Балканот – Идентитетите и сеќавањата од долгиот 19 век

Отворање на изложбата „Замислувајќи го Балканот – Идентитетите и сеќавањата од долгиот 19 век“ во Чифте амам… Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вечерва (четврток, 12.6.2014 година) во 19:00 часот во објектот Чифте амам ќе се обрати на отворањето на изложбата „Замислувајќи го Балканот – Идентитетите и сеќавањата од долгиот 19 век“. Во комплексната поставка која ја раскажува приказната за градењето и за развитокот на модерните нации во Jугоисточна Европа, покрај нашата земја учествуваат и Србија, […]

„Организми“ на Маја Кировска (поставка)

Маја Кировска во нејзиниот проект „Организми“ прави компарација помеѓу материјалите од природно и артифициелно потекло, поточно помеѓу животинскиот и растителниот свет, кристалите и синтетичките материјали, односно нивната сличност на микроскопско ниво. Основното прашање кое оваа авторка го поставува е (не)постоењето на граница помеѓу организмите со „интелигенција“ и оние кои се дефинирани како не-живи материи, при што се претставени разни примери на циркуларниот систем кај растенијата, животните и луѓето, но и молекуларни споредби. Ангажираниот момент во […]

Димче Димески со „Критична маса ~ Првиот бран“ во Чифте амам

Димче Димески; Критична маса ~ Првиот бран Чифте амам, Отворање: 4 септември 2013, 20 часот 04-15.09.2013 На ден  среда 30 мај 2012 година, во 18.00 часот  Скопје за првпат се вклучува на велосипедската манифестација „ Критична маса“ која се одржува истовремено во 300 градови низ светот, за да се испрати една глобална порака на здружување на велосипедистите насекаде, во подобрување на сообраќајната култура. Самиот автор, како учесник, под импресии од тој урбан настан, ја развива […]

„Копнеж по реалното“ – комплетна поставка

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Ви ја претставуваме комплетната поставка. Изложбата ќе може да ја проследите и во наредните 30-тина денови.