Годишна изложба на основните училишта во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 8 мај 2015 година (петок) во 13 часот ќе се отвори Годишна изложба на основните училишта од градот Скопје. Во соработка со ликовните педагози од основните училишта, учениците работеа дела на конкретна тема – акварел, и на изложбата ќе бидат изложени најкреативните и најинтересните дела од младите уметници во завршна изложба со дела изработени во акварелна техника. Изложбата е со натреварувачки карактер за да се зголеми […]