Годишна изложба на основните училишта во Чифте амам

Share Button

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 8 мај 2015 година (петок) во 13 часот ќе се отвори Годишна изложба на основните училишта од градот Скопје.

godisna izlozba cifte dimitrova

Во соработка со ликовните педагози од основните училишта, учениците работеа дела на конкретна тема – акварел, и на изложбата ќе бидат изложени најкреативните и најинтересните дела од младите уметници во завршна изложба со дела изработени во акварелна техника. Изложбата е со натреварувачки карактер за да се зголеми мотивацијата и интересот на учениците.

Со оваа изложба Националната галерија на Македонија се залага за стимулирање на ликовната уметност во воспитно-образовниот процес во училиштата и презентирање во јавноста на индивидуалните и групните творби на најмладата популација од основните училишта во градот Скопје.

Организатор на изложбата е Маја Димитрова, едукатор во Националната галерија на Македонија.

_________________________________________________

 ___________________________________________

Фотографии од работилницата во Чифте амам на ден 18.05.2015 година.

rabotilnica chifte maja 1

rabotilnica chifte maja 4

rabotilnica cifte maja 3

Share Button