„Парче од себе“ – Инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

За одбележувањето на Меѓународниот ден посветен на лица со попреченост, Националната галерија својата општествена одговорност во насока на подигнување на личната и колективната свест за поддршка на ранливите категории традиционално ја реализира со инклузивна програма. Оваа година се одржа работилница во техника – мозаик, под наслов „Парче од себе“. Завршните работи од работилницата ќе бидат прикажани на изложба која ќе биде отворена на 15 декември 2023 во 13ч, во мултимедијалниот центар Мала станица. На отворањето […]