Башким Меџити „Патување низ боите – Јубилејни триесет години творештво“
На крајот од 2024 во атмосфера на загревање на претпразнично расположение со задоволство ве информираме дека на 16.12.2024 (понеделник), во 19 часот ќе се отвори изложбата на ликовниот уметник и професор Башким Меџити во објектот Чифте амам на Националната Галерија. Изложбата претставува одбележување на 30 годишното творештво на академскиот сликар Меџити и носи наслов „Патување низ боите – Јубилејни триесет години творештво“. Сликарскиот опус ќе го претставиме со седумдесетина слики изработени во комбинирана техника, акрил […]