„Пејзажно искуство“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска во Чифте амам

По реализацијата на едно од најдобрите национални преставувања на 59то издание на меѓународната ликовна изложба La Biennale di Venezia 2022, со проектот „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, Националната галерија, од 30 март, 19.00 часот истата ја претставува пред македонската јавност. Мултимедијалниот проект ќе биде поставен во објектот Чифте амам, а изложбата ќе ја отворат Министерката за култура, д-р Бисера Костадиновска – Стојчевска и Директорката на Националната галерија и комесар на проектот, […]