„Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ во Чифте амам
Почитувани, Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, е отворена за јавност изложбата под наслов „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“. Оваа изложба претставува селекција на педесеттина дела (слики и скулптури) на едни од најрано прибавените експонати за нашата колекција, вклучително и исклучително вредни дела, од кои голем дел биле претставени и на првата постојана поставка од формирањето на галеријата. Овој избор е само мал дел […]