Изложба „Сертификат за кафе“ на Башким Меџити во Мала станица

Ве информираме дека на 19.10.2021 (вторник), во 19 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при Државниот тетовски Универзитет, Башким Меџити. Меџити дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина (Косово), каде и магистрирал. Добитник е на повеќе награди и признанија, остварил над петнаесетина самостојни изложби во државата и странство. Бил прв претседател и еден од иницијаторите за формирање на […]