Годишна изложба на основните училишта „Шемов и јас“

Ве информираме дека во Националната галерија, објект Даут пашин амам, на 10ти ноември 2023 година (петок), во 13 часот ќе се отвори Годишната изложба на основните училишта под наслов „Шемов и јас“. На отворарањето ќе се обрати директорката на галеријата д-р Дита Старова Ќерими, проф. Симон Шемов и едукаторот на проектот м-р Маја Димитрова. „Годишната изложба на основни училишта е изложба која традиционално е поддржана од Министерството за култура, а во организација на Националната галерија. Идејата […]