Изложба на Симонида Филипова Китановска – “Птичја градина”
Изложбата на академскиот сликар Симонида Филипова Китановска. Изложбата содржи 80-тина акварели. Добро позната како на македонската така и на светската јавност со својот препознатлив експресивен гестуален ликовен јазик преку многубројните масла на платно, oвојпат Симонида Филипова-Китановска ни се претставува во една друга техника а тоа е акварелот. Сегашната употреба на акварелот е долго истажување на ефектите на играта со боја во вода: соединувања, разделени локви, ореоли, контрасти, слоеви боја, без размислување да се додадат контрасти […]
Изложба на Симонида Филипова Китановска во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 28 мај 2014 година (среда) во 20 часот ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Симонида Филипова Китановска. Изложбата содржи 80-тина акварели. Симонида Филипова-Китановска е родена 1965 Скопје, Р.Македонија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, 1988год. во класата на проф.Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Член на ДЛУМ од 1988 год. 1991-1997 живее и работи во Бостон, САД. Добитник е на повеќе награди: Гран-при, Интернационален […]