Inter Spem et Metum на Славица Јанешлиева

Со особено задоволство Ве информирме дека на 19.06.2024, четврток, во 20.30 часот во Националната галерија, објект Чифте амам, ќе го отвориме и промовираме за македонската јавност – македонскиот павилјон на 60. меѓународна ликовна изложба при Венециското биенале 2024, т.е. проектот Inter Spem et Metum на уметничката Славица Јанешлиева. Како потсетување: трансмедијалниот и транснаративен проект INTER SPEM ET METUM на Славица Јанешлиева претставува визуелно прочистена и концептуално осмислена просторна инсталација која не флра во цивилизацискиот дебрис […]

INTER SPEM ET METUM на 60. едиција на традиционалното Венециско Биенале

На последниот работен ден од 2023 година носиме убави вести. Ни претставува особена чест и задоволство да Ве информираме дека и овој пат, довербата да бидеме носители на националното знаме на престижната манифестација со 120 годишна историја La Biennale di Venezia, ни беше доделена нам како институција по 9 пат. На 60. ликовна сесија на Венециското биенале 2024, Република Северна Македонија ќе биде претставена со проектот INTER SPEM ET METUM, (Помеѓу надеж и страв/Between hope […]

Свечено отворање на изложбата „Трансфигурирање“ на НГМ во Прага

Изложбата, на која се поканети голем број гости и претставници на дипломатскиот кор, претставува централна активност во одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Чешката Република во чии рамки, во текот на целата година, беа презентирани повеќе културни содржини. Во организација на Националната галерија на Македонија, во Чешкиот центар во Прага, Чешка, на 27 ноември 2014 година, во 18 часот ќе се отвори изложбата Трансфигурирање на која излагаат македонските уметници: Јован Шумковски, Ѓорѓе […]

Гостување на НГМ со изложбата “Леб и сол” во Виена

Во организација на Националната галерија на Македонија, во Palais Porcia во Виена, на 7 ноември 2013 година (четврток), во 18:30 часот ќе се отвори изложбата Леб и сол, на која ќе изложуваат 12 македонски уметници. На изложбата насловена „Леб и сол (транзиција и пол)“ се опфатени 12 различни аспекти на видување на транзициските и половите дискурси во македонското општество денес. Генерациската разнородност на селектираните уметници, како и медиумскиот богат концентрат (од класичните слики и скулптури, […]

Славица Јанешлиева со „Впечатоци“ во Мала станица

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 26 декември 2012 година (среда) во 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Славица Јанешлиева под наслов „Впечатоци“. СЛАВИЦА ЈАНЕШЛИЕВА е родена 1973 година во Скопје. Во 1996 дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика. Во 1998 магистрирала на истиот факултет. Од 2006 работи како доцент на Катедра по графика, на Факултетот за ликовни уметности, при Универзитетот „Св. Кирил […]