Томо Шијак – Ретроспективна изложба
Во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, на 25 декември (петок) ќе биде отворена ретроспективната изложба во чест на Томо Шијак. Томо Шијак (1930-1998) е еден од неколкумината автори, уметнички родени во педесеттите години на дваесеттиот век, кои се издвоија како означувачи на авангардистичките текови на тогашната македонска ликовна уметност, а комплетното презентирање на неговиот опус е дополнително усложнето поради неговиот секогаш немирен, дури хиперактивен, истражувачки дух, поради што можеме да го карактеризираме […]