Трајче Чатмов – „Религија, митологија или слободна мисла“
Фигуративниот експресионизам и магичниот реализам на Трајче Чатмов (меѓу митологијата, религијата и историјата) Ликовната алегоричност и на Трајче Чатмов: Трајче Чатмов (Скопје, 1971) е еден од водечките современи македонски сликари. Неговиот ликовен корпус од последниве две-три години (2023 – 2025) импресионира со: (а) бројноста и квалитетот на насликаните и изложени дела, што покажува дека Чатмов е плоден автор кој се движи по самиот врв на своето творештво; (б) тематското богатство кое се движи во широк […]