За престојното претставување на Венециското биенале

Share Button

Почитувани претставници на медиумите, по неодамнешната прес-конференција по повод Македонскиот павилјон на 55-то Венециско биенале и проектот Silentio Pathologia на нашата претставничка Елпида Хаџи Василева произлегоа брдо реакции над погрешно протолкуваниот аспект на примената на кожите од стаорци во проектот, иако и на самата прес-конференција беше убаво нагласена природата на кожите на стаорците кои се применети во проектот.

venecisko-bienale-elpida-ngm-2

Имено авторката ниту поддржува, ниту пак било кога работела со уништување на живи суштества. Таа е против злоупотребата на животните и нивното убивање.

За проектот Silentio Pathologia Хаџи-Василева користеше веќе умртвени лабораториски стаорци кои се користат за исхрана на животни во зоолошки градини и вообичаено се дел од режим на исхрана на големи птици и цицачи, рептили и змии кои се чуваат во заробеништво. Примената на кожи од страна на авторката е имено во намера на потцртување на постојаниот нелегален маркет со животни, нивните кожи и други продукти во светот. Со презентирање на реалното на публиката, како дел од конструирано уметничко дело, луѓето се соочуваат со несокриената вистина за животните, пазарот со нив и комодификацијата на продукти од животни.

Живите стаорци пак се набавени од италијански набавувач на миленичиња и се тренирани како миленичиња, тие секојдневно се негуваат, и има постојана грижа за нив како што препорачуваат експертите за одгледување на стаорци.

Нагласуваме уште еднаш дека сите дела на Хаџи-Василева се направени на начин да го рефлектираат местото и локацијата каде делото е направено и изложено, и особено многу користи отфрлени или рециклирани материјали. Никогаш не иницирала или нарачала, ниту пак имала намера, да повреди било какво животно.

Ве молиме да најдете простор во своите медиуми и уште еднаш да се расчисти недоразбирањето во однос на примената на кожи од стаорци во проектот Silentio pathologia на Елпида Хаџи-Василева, а истовреме да ја најавите инаугурацијата на павилјонот на 31.05.2013 во 15 часот.

Со почит,

Национална галерија на Македонија

Share Button