„110 години од раѓање“ на уметникот Лена Стефанова во Чифте амам

Share Button

Национална галерија на РС Македонија има особена чест и задоволство да ја најави јубилејната изложба „110 години од раѓање“ на уметникот Лена Стефанова.

Изложбата ќе биде отворена на 20.12.2024 година во 19 часот во објектот Чифте амам. Голем предизвик е организирањето јубилејна изложба и одбележувањето 110 години од раѓањето на уметницата Лена Стефанова.

Јубилејните изложби секогаш се повод за констатација како нечие творештво на посебен и специфичен начин ја обележало својата епоха.
Пишуваните текстови и аналитичките студии што се посветени на животот и делото на Лена Стефанова се многу малку. Секако дека мал број каталози од нејзините постхумни изложби даваат некаков увид во нејзината уметност, но се работи за релативно кратки текстови што не влегуваат во некаква детална анализа на нејзиното творештво.

Во историјата на современата македонска ликовна уметност, Лена Стефанова зазема втемелувачко и изделено место. Таа ѝ припаѓа на генерацијата уметници кои чувствувајќи ја и доживувајќи ја моралната и духовната тензија на своето време, се вклучиле во современиот живот, без двоумење ги прифатиле тековите на современата ликовна уметност.
Лена Стефанова има голема улога во културата на уметноста како прва уметница во современата македонска ликовна уметност.

Share Button