Детски ликовни работилници по повод “Изложбата на Танас Луловски”

Share Button
По повод “Изложбата на Танас Луловски” (која се отвори на 20 декември 2018) во Даут пашиниот амам ќе се организираат серија детски ликовни работилници ( деца од 6 – 12 годишна возраст) и тоа секој ден почнувајќи од 09 – 11 јануари.

Работилниците се со едукативен карактер и имаат за цел да ги поттикнат децата да работат на креативноста и да го извлечат своето внатрешно јас на платно.

Работилиците ќе бидат во периодот од 12:00-14:00 часот.

Пријавете се за учество, пишете ни коментар или порака на профилот на Националната галерија на Македонија. Ве очекуваме.

Share Button