Ongoing
Ретроспективна изложба на Танас Луловски
„Дали празен простор (во музеј, галерија, црква, итн.) може да претставува уметничко дело?“, Танас Луловски – Тане, 1984 Ова сѐ уште актуелно прашање го поставил еден од првите концептуални уметници во македонската дваесет вековна уметност, доајенот Танас Луловски, кон крајот на 1983 година кога го разработува концептот на проектот „Антислика 79“. Националната галерија на Македонија ја подготвува и најавува неговата ретроспективна изложба, во Даут-пашиниот амам кон крајот на годината (20 декември 2018 година).
Повеќе »Петре Николоски во Чифте амам со „Бесконечност“
Националната галерија на Македонија во рамки на овогодинешната јубилејна програма по повод чествувањето на 70 години од постоењето, како завршна манифестација ја најавува изложбата на Петре Николоски насловена " БЕСКОНЕЧНОСТ (Infinity)" која ќе се отвори на 27 декември во просториите на Чифте амам, во 19.00 часот. Изложбата на Николоски се состои од повеќе мултимедијални дела и инсталации, кои се во најголем број изработени специјално и исклучиво во контекст на архитектонскиот и идеолошко – дискурзивен наратив […]
Повеќе »