Loading изложби

« Сите изложби

  • This event has passed.

Петре Николоски во Чифте амам со „Бесконечност“

декември 27, 2018 @ 19:00 - февруари 15, 2019 @ 18:00

Share Button
Националната галерија на Македонија во рамки на овогодинешната јубилејна програма по повод чествувањето на 70 години од постоењето, како завршна манифестација ја најавува изложбата на Петре Николоски насловена ” БЕСКОНЕЧНОСТ (Infinity)” која ќе се отвори на 27 декември во просториите на Чифте амам, во 19.00 часот.

Изложбата на Николоски се состои од повеќе мултимедијални дела и инсталации, кои се во најголем број изработени специјално и исклучиво во контекст на архитектонскиот и идеолошко – дискурзивен наратив на/зад Чифте амамот. Клучни дела се обелискот од книги и бесконечната полица, кои како машки-фалусоиден принцип е поставен во женскиот дел на амамот и комплексната инсталацијата од дрвен материјал, волница и коноп, кои обликуваат специфична, топла, вмрежена инсталација во облик на „утерус”, како симбол на женскиот принцип, позициониран во машкиот дел од амамот.

Првиот клучен објект – обелискот, како и бесконечната полица, се обликувани од книги кои беа набавени со алтруистички придонес на институции, издавачки куќи и индивидуалци, со што скулптуралното дело е обликувано со нетрадиционален скулпторски материјал. Авторот тежнее кон мултидисциплинарност, поместувајќи ги границите на класичната ликовна форма, имплементирајќи ја книжевноста и литературата, проширувајќи го кругот на публиката и иницирајќи ја соработката помеѓу институциите од различен профил.

Другата инсталација пак, која е конципирана да го повика посетителот да влезе во самиот нејзин облик, нуди посебни и однапред зададени патишта и правци на движење, во обликовен и формален смисол, нудејќи просторно опозитна линерна трансформација на арабеската и декорациите од куполата.

Во останатиот дел од амамот ќе бидат поставени видео инсталации, колажи – објекти и други просторни инсталации.

Share Button

Информации

Почеток:
декември 27, 2018 @ 19:00
Крај:
февруари 15, 2019 @ 18:00
Website:
https://www.facebook.com/events/256237025061956/

Локација

Chifte Hamam – National Gallery of Macedonia
Bitpazarska
Skopje, MK 1000 Macedonia
+ Google Map
Тел.
+389(0) 2 3227-986