
- This event has passed.
Изложба на Мифтар Мемети
август 26, 2019 @ 20:00 - септември 1, 2019 @ 18:00

Во чест на 550 години од раѓањето на Скендербег. Во тек се подготовките на изложбата на Мифтар Мемети која според планираното треба да се одржи во мај, во објектот Чифте амам.
Станува збор за најновиот проект на Мифтар Мемети кој опфаќа 4 тематски целини на кои авторот работел веќе подолого време, односно му ги посветил последните 10 години од неговото творештво. Овој негов 10 годишен труд инспириран од албанската историја и култура токму по повод 550 години од раѓањето на Скендербег ќе најде свое место во изложбениот простор на објектот Чифте амам, целосно вклопувајќи се во идејата и целта на авторот да даде свој печат во одбележувањето на годишнината од раѓањето на големиот војсководец. Тргнувајќи од тука, сама по себе се наметна и идејата на овој датум да биде организирано и отварањето на оваа изложба. На изложбата се прикажани вкупно 350 слики во мал формат работени во маслена техника. Тие се меѓусебно поврзани и комбинирани во засебни целини на комплексни мозаични слики формирајќи 4 поедничени дела во голем формат.
Мифтар Мемети е роден 1954 г. во с. Раковец, Тетово. Во 1980 г. го завршил Факултетот за ликовни уметности во Приштина. До 2004 г. работел како наставник за ликовни уметности во сите тетовски средни училишта. Магистрирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Приштина во 2001 г. под менторството на професорот Тахир Емра. Во 2004 г. после озваничувањето на Тетовскиот универзитет го добил звањето доцент и бил избран за редовен професор по предметот Цртеж со сликарство. Автор е на десетина самостојни изложби, учествувал на голем број колективни изложби.
Изложбата ќе се отвори на 26 август, во 20.00 часот во Чифте амам.