јуни 26, 2019 @ 20:00 - септември 20, 2019 @ 20:00
Живееме во време во кое изборот и начинот на кој се прикажува минатото е од клучно значење за демократизацијата на современото општество. Историјата е колективна меморија која му дава смисла на нашето политичко постоење и делување. Дали нашите животни и професионални заложби ќе ги водиме во потенцирање на јавното, заедничкото и развојот или кон сè поголема индивидуализација и раст, типична за денешниот глобален капитализам, зависи и од тоа и како го вреднуваме минатото и од каде тргнуваме за да ја креираме историјата…
НЕИМЕНУВАНОТО Е ОДГОВОР
Кураторка: ИВАНА ВАСЕВА
Дата и локација: 26 јуни – 20 септември, 2019 год.
ДАУТ ПАШИН АМАМ
Отворање: 26 ЈУНИ, 2019 год. (среда)/ 20 часот
Со:
МУЗЕЈОТ НА АМЕРИКАНСКА УМЕТНОСТ ВО БЕРЛИН ВО СОРАБОТКА СО ВАЛТЕР БЕНЈАМИН
ЕЛИ ГА (Њујорк/Стокхолм)
АДРИАН ПАЦИ (Скадар/ Милано)
ДОПЛГЕНГЕР (Белград)
ОЛИВЕР МУСОВИЌ (Скопје)
ФИЛИП ЈОВАНОВСКИ (Битола/ Скопје)