Loading изложби

« Сите изложби

  • This event has passed.

„Сеништа“ на Викторија Попоска

декември 10, 2020 @ 10:00 - јануари 10, 2021 @ 10:00

Share Button

„СЕНИШТА“ е наслов на изложбата на Викторија Попоска, еден од двајцата победници на Конкурсот за млад уметник  кој оваа година премиерно го објави Националната галерија на Република Северна Македонија.

Викторија Попоска е млад уметник, родена 1992 год. во Струга, Република Северна Македонија. Дипломирала на осекот за применето сликарство со конзервација и реставрација на ФЛУ каде ја добила наградата „Борко Лазески“ за најинвентивен сликар во 2015 година, по што следи реализирање на нејзината прва самостојна изложба под наслов „Запознавање“ во Музеј на град Скопје во 2016 година. Истата година ќе учествува на “Paratissima“ каде ја добива специјалната награда “Ponte di pietra“ по што следи нејзино учество на “Paratissima-to the stars“ во Торино, Италија. Во Струга, својот роден град, во 2017 год. свое самостојно претставување ќе има во галеријата „Коџоман“, а понатаму следат учества на повеќе групни изложби, перформанси, колонии.

Самата изложба „СЕНИШТА“ претставува дел од еден цел проект кој се однесува на сé поактуелната светска стратегија за зачувувањето на планетата Земја. Како уметница, а воедно и активистка, своето живеење го насочува сé повеќе кон наједноставниот начин, со враќање кон природата, отфрлувајќи ги актуелните, современи, „trendy“ производи после чија употреба останува огромно количество на неразградлива амбалажа. Согласно нејзината животна филозофија, таа и своето творештво го насочува кон подигнување на свеста, користејќи го отпадот. Создавањето на делата на Попоска претставува своевиден процес со свој почеток и крај. Градењето на скулптурите, објектите за неа претставуваат вистински ритуал, започнувајќи со собирање, селектирање, миење на отпадот, потоа негово вообличување во дело и на крајот (по завршувањето на изложбата) дислоцирање во депонија.

Куратор на проектот е Александра Зиновски Вилиќ .

Share Button

Информации

Почеток:
декември 10, 2020 @ 10:00
Крај:
јануари 10, 2021 @ 10:00

Локација

Мала Станица – Национална Галерија На Македонија
Ул. Јордан Мијалков 18
Skopje, MK 1000 Macedonia
+ Google Map
Тел.
+389(0) 2 3126-856
Website:
https://nationalgallery.mk