- This event has passed.
„Капсид i²0 “ на Дарко Комненовиќ
декември 10, 2020 @ 10:00 - јануари 10, 2021 @ 18:00
Изложбата „Капсид i²0 “ на Дарко Комненовиќ е еден од двата победнички проекти на Конкурсот за млад уметник кој оваа година премиерно го објави Националната галерија на Република Северна Македонија.
Дарко Комненовиќ е визуелен уметник кој работи во контекст на пост-скулпторско дело. Неговите истражувања и конструкции ги поврзуваат скулпторските, амбиенталните и технолошките влијанија. Со други зборови, тој работи со хибридизирани односи на просторот, перцепција, комуникација и когнитивно мапирање на визуелните ефекти. Предложениот проект „ Капсид i²0 “ е одличен пример за тековниот уметнички и естетски одговор на противречностите, антагонизмите и отуѓувањата својствени на глобалната пандемија на Ковид 19. Уметникот луцидно го покажа потенцијалот за трансформација на модерното општество и важните односи меѓу поединци и односи меѓу поединци и колективи, поединци и институции и институции и институции. Уметникот предложил сложени човечки, политички, комуникациски и, со тоа, когнитивни процеси, ефекти и ситуации кои се испровоцирани човечката состојба во кризни пандемски моменти. Уметникот ги посочи односите меѓу два важни модалитети на ова дело: ликот на склопување на традиционални и модерни материјали / медиуми и ликот на временската капсула. Предвидената поврзаност на дигиталниот и конкретното материјално со формите на човечкиот живот отвора простор за тестирање на нашата сопствена индивидуална и колективна модерност. Проектот го заслужи вниманието со својата актуелност, хибриден материјал, медиумска сложеност и суштински егзистенцијален ангажман.
Куратор на проектот е Горанчо Ѓорѓиевски