Loading изложби

« Сите изложби

  • This event has passed.

Митко Панов во Мала станица

октомври 5, 2023 @ 20:00 - октомври 29, 2023 @ 18:00

MKD100
Share Button

Изложбата на Митко Панов ќе се отвори на 5 октомври 2023 (четврток), со почеток во 20 часот, во објектот Мала станица. 

Изложбата на Митко Панов е осмислена да прикаже два елемента од неговото творештво – сликарството и филмот. Всушност концептот е приказ на творештвото каде авторот е визуелен раскажувач.

Митко Панов е посветен на своето творештво, во истражувањето на нови изразни форми, каде прави синтеза помеѓу класичните сликарски дисциплини, филмот и современите текови на идејата и концепт во уметноста. Експериментирањето со идејно-концептуалните премиси овозможува оригинален ликовен продукт со продлабочени естетски резултати. Визуелното восприемање на светот кој го опкружува преплетено со неговата имагинација создава ликовен свет во кој се обликуваат визуелните претстави.

Митко Панов ја вткајува реалноста како инспирација во својата специфична творечка експресија. За него реалноста е простор за преиспитување на емоционалното присуство на човекот и потрагата на лична вистина и суштина на постоењето. Во неговиот ликовен универзум, реалноста е пренесена преку сопственото искуство, сфаќање и чувствување за светот, сопственото битисување во него, создавајќи личен императив за еден друг реалитет каде не ги менува фактите на реалноста, туку го менува начинот на размислување во однос на стварноста. Перцепцијата преку окото на уметникот создава внатрешен свет кој преку естетизираната визуелност станува слика која го отсликува “домот“ на уметникот т.е. неговата лична архива и опстојување.

а

Share Button

Информации

Почеток:
октомври 5, 2023 @ 20:00
Крај:
октомври 29, 2023 @ 18:00
Cost:
MKD100
Event Tags:
, ,
Website:
https://www.facebook.com/events/1484032212421247

Локација

Мала Станица – Национална Галерија На Македонија
Ул. Јордан Мијалков 18
Skopje, MK 1000 Macedonia
+ Google Map
Тел.
+389(0) 2 3126-856
Website:
https://nationalgallery.mk