- This event has passed.
Иван Велков, 90 години од раѓањето
март 4, 2021 @ 12:00 - март 31, 2021 @ 18:00
На 4 март 2021 година (четвртотк) во НУ Национална галерија на Р.С.Македонија, објект Чифте амам ќе биде отворена Јубилејната изложба „Иван Велков, 90 години од раѓањето“.
Авторки на изложбата и текстот во каталогот се Маја Чанкуловска-Михајловска и Маја Неделкоска Брзанова, виши кустоси.
На изложбата ќе бидат претставени 90тина дела од сите творечки фази на Иван Велков, а истите се дел од колекциите на Националната галерија, Музејот на современата уметност, Скопје, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип, НУЦК „Антон Панов“, Струмица, семејството Велкови како и на голем дел приватни сопственици на кои длабоко им благодариме за соработката. Изложбата ќе биде отворена до 30.3.2021 година.