Loading изложби

« Сите изложби

  • This event has passed.

Изложба „Merry-go-round“ на Олег Кулик

јуни 22, 2021 @ 20:00 - јули 15, 2021 @ 18:00

Share Button

Националната галерија со особено задоволство го најавува својот следен проект, изложбата „Merry-go-round“ на Олег Кулик, која ќе сеотвори на 22 јуни во 20.00 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица.

На изложбата во Мала станица ќе бидат претставени неговите антологиски акции од 90-тите години на минатиот век и познатите амблематски изведби од сериите Бесно куче, Јас ја касам Америка, Америка ме каса мене, Ја сакам Европа, а таа не ми ја возвраќа љубовта, фото колажи од 2000-тите, како и нов перформанс и скулптура изведени во соработка со Музејот на современата уметост од Војводина. Олег Кулик е роден во 1961 година во Киев и важи за еден од основачите на акционизмот во постсоветска Русија. Преку својата работа, тој ги истражува односите меѓу политиката и моќта, емоционалните и физичките аспекти на односот меѓу луѓето и животните, нормалноста и отстапувањето, кичот и уметноста. Дипломирал на Кралската уметничка школа во 1979 година. Тој ја започнал својата кариера како кустос во галеријата Риџина воМосква, каде што неговите неконвенционални изложби и пристапи веднаш го привлекле вниманието на јавноста. Од 2000-тите, тој главно се занимавал со техники како што се фото-колаж, скулпторски инсталации, сликарство и перформанси.

Изложбата ќе биде поставена до 15.7.2021, а одговорен кустос за проектот е Ана Франговска, виш кустос. За времетраењето на изложбата ќе се организира и онлајн разговор со Олег Кулик, а во почетокот на јули ќе ни гостува и Сања Којиќ Младенов, куратор на проектот во Музејот на современата уметност на Војводина, која ќе одржи предавање за соработката со Кулик и за нејзините позначајни проекти.

Share Button

Информации

Почеток:
јуни 22, 2021 @ 20:00
Крај:
јули 15, 2021 @ 18:00

Локација

Мала Станица – Национална Галерија На Македонија
Ул. Јордан Мијалков 18
Skopje, MK 1000 Macedonia
+ Google Map
Тел.
+389(0) 2 3126-856
Website:
https://nationalgallery.mk