Loading изложби

« Сите изложби

  • This event has passed.

Кирил Гегоски – Апотеоза на пределот

септември 7, 2022 @ 20:00 - септември 24, 2022 @ 18:00

MKD100
Share Button

Творештвото на Кирил Гегоски од најраните дела, па се до денес се одликува со минимализам и редуцирана симболика, префинет вокабулар и отсуство на какви било непотребни детали во третманот на сликата, уметнички израз исполиран до последниот детаљ, што може да се сфати како производ на воздржаниот, но софистициран фокус на авторот за потенцирање на суштината на нештата, беспрекорната реализација, а пред се со извонредно чувство и познавање на својствата на материјалите што ги користи.

Од почетокот на 2000 година и во текот на изминатите години до денес евидентно е менување на ликовниот израз кој за разлика од претходно е поекспресивен. Кирил Гегоски во својата сликарска страст и посветеност не се задоволува само со една пронајдена матрица и во својата досегашна работа експериментираше на три нивоа на сликарската практика: материјалната-техничката, концептуалната-аналитичката и естетската-чувствената. Иако е евидентна стилска различност тој се задржува на архетипските модели и истражувања на односите во кои ги согледува одговорите на неговите размислувања за прасликата и искуствата во доживувањата во животот, во кои неповратно се врежани човековите искуства и претстави. Преку ова Гегоски го претставува јадрото во кое се преклопуваат содржината и односот помеѓу неговото доживување на прасликата и значењето на конкретното уметничко дело. Неговите дела ја задржуваат својата препознатливост во различноста, што е одлика на изграден уметнички идентитет. Оваа препознатливост се заснова на осмислена креативна постапка во која значењето и формализирањето не се доминантни, туку се читаат индиректно преку материјалноста и сензуалноста на сликата и нејзиното непосредено афективено дејство врз гледачот.
Воден од потенцијалот на сликарското искуство преку ликовно стилизирање во неговите дела композицијата се транспонира во апстрактно – асоцијативни но сепак препознатливи форми. Бојата е базисот во творештвото на Гегоски. Бојата е збир на заробена енергија која од раката на авторот добива експлозивност и потполна слобода. Преку неа тој врши колористички истражувања на соодносите меѓу боите и површините. Тој не размислува апстрактно, туку прави одредени стилизации на пејзажот кој говори за внатрешните состојби, создава динамика и тензија во расположенијата кои ја обликуваат композицијата во својата крајна ликовна претстава.
Во духот на зен филозофијата, тој верува во внатрешната чистота што се рефлектира/отсликува во едноставни форми и силната енергија со која зрачи делото.
Неговите феноменолошки карактеристики засновани на колористички оркестрации, суптилни во изразот, чисти, често лирски, а понекогаш и драматични по карактер, светлосните ефекти и субјективните чувства на уметникот во доживувањето на дадената тема и мотив ги задржуваат споменатите особености на ракописот на авторот.

Share Button

Информации

Почеток:
септември 7, 2022 @ 20:00
Крај:
септември 24, 2022 @ 18:00
Cost:
MKD100
Event Tags:
, , ,
Website:
https://www.facebook.com/events/590424099427255

Локација

Chifte Hamam – National Gallery of Macedonia
Bitpazarska
Skopje, MK 1000 Macedonia
+ Google Map
Тел.
+389(0) 2 3227-986