Loading изложби

« Сите изложби

  • This event has passed.

Решат Амети – 30 Години творештво

октомври 27, 2020 @ 10:00 - ноември 9, 2020 @ 18:00

|Recurring Event (See all)

An event every month that begins at 10:00am on day 27 of the month, repeating indefinitely

An event every year that begins at 10:00am on of септември, repeating indefinitely

Share Button

Со изложбата најавена за октомври 2020 година во Националната галерија, академскиот сликар Решат Амети одбележува 30 години творештво, односно 30 години од неговата прва самостојна изложба која ја договорил како студент, пред дипломирањето, а ја реализирал веднаш по дипломирањето, во 1990 година, во галеријата Киви во Виена, Австрија.

Од тогаш па до денес, неговото творештво е презентирано низ целот свет, на сите континенти. Неговиот сликарски ракопис е присатен во државни и приватни колекции.
Творештвото на Решат Амети содржи философско-интелектуален призвук на суптилен израз со естетско чувство за експресија, геометрија, динамика, асоцијативна наративност и промисленост. Централни точки во неговиот творечки ангажман се: геомертијата како праформа, праматерија, создадена од перфекционистичкото и испрофилирано човеково битие, лириката во облик на гест, знак, материја која ја динамизира композицијата, светлината како извор на животот, духовноста, вербата, религијата, љубовта и секако традицијата како елемент на личната идентификација.
На претстојната изложба ќе бидат изложени дела од сите периоди, фази и уметнички дискурси работени во текот на изминатите години.

Share Button

Информации

Почеток:
октомври 27, 2020 @ 10:00
Крај:
ноември 9, 2020 @ 18:00

Локација

Daut Pasha Hamam
Krushevska 1A
Skopje, 1000 Macedonia
+ Google Map