
- This event has passed.
Репртоспективна изложба на Павле Кузманоски
октомври 13, 2020 @ 12:00 - октомври 23, 2020 @ 18:00

Од 13ти па се до 23ти октомври 2020 година, во објектот Чифте амам ќе се одржи ретроспективната изложба на авторот Павле Куманоски.
Биографски податоци за авторот
ПАВЛЕ КУЗМАНОСКИ е роден во Тетово
1959 – Завршил Школа за применети уметности во скопје, отсек сликарство во класата на Димитар Пандилов, Борко Лазески и Лазар Личеноски.
1961 – Студент на Академијата за применети уметности во Белград.
1963 – Учествувал три месеци како член на сојузна екипа (во СФРЈ) на конзерваторсдките работи на мозаик (60 м2) од 2 век во Пула , република Хтрватска.
1964 – Учествувал три месеци како член на сојузна екипа (во СФРЈ) на конзерваторско-реставраторските работи врз фреските на Караѓорѓевата црква во Топола, република СРбија.
1966 – Дипломирал на Академијата за применети уметности во Белград, отсек сликарство во класата на Винко Грдан, Рајко николиќ и Аца Томашевиќ.
1967 – Период на вработување во Тетекс – Тетово и посета на градовите Венеција, Торино, Франкфурт, Келн.
1973 – Пристапува во членство на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
1980-81 – Добива осуммесечна специјализација во градот Анже, Франција, како стипенсиат на француската влада.
1994 – Стекнува статус на самостоен ликовен уметник од страна на Министерството за култура на република Македонија.
Остварил четири студиски престои во Париз во Cite Internationale des Arts. Учествувал на преку 30 меѓународни ликовни колонии во земјата и во странство.
До сега приредил 53 самостојни ликовни изложби во земјата и во странство меѓу кои во Париз (Cite Internationale des Arts во 2000 и 2004), во Берлин ( воArt Center Galerie, 2009), во Нирнберг (во Ehrenhalle des Rathauses, 2009 ),во Њујорк, ( во Македонскиот културен центар), Во виена (воPalais Porcia, 2012) и други.
Учествувал на преку 250 групни изложби во земјата и во странство.