Loading изложби

« Сите изложби

  • This event has passed.

Сaмостојна изложба на Димитрие Дурацовски во Чифте амам

септември 1, 2023 @ 20:00 - септември 24, 2023 @ 18:00

MKD100
Share Button

Димитрие Дурацовски, како сликар уметник, речиси четири децении не е претставен пред публиката, меѓутоа неговата особеност во ликовниот израз е предмет на анализа во повеќе студии и литература за теоријата на ликовната уметност.

Творештвото на Дурацовски може да се одбележи како метафизичко и во исто време концептуално и имајќи го предвид времето во кое што почнува да твори (1973) и кога неофицијално престанува со сликарството (1987), можеме недвосмислено да кажеме дека тој е творец претеча на современиот концептуален ликовен израз во Македонија.

Димитрие Дурацовски како автор е необична појава во современата македонска уметност, тој е осамен но интелектуално љубопитен творец кој живее и работи во Струга. Во стремежот да формира целосна визија за светот тој ги користи изразните средства и можности на сликарството, цртежот и пишаниот збор. Основната тема ја наоѓа во свртеноста и испитувањето на таинствените простори на човечкиот дух, каде неретко се допираат или бришат границите помеѓу реалното и фантастичното, можното и неможното, рациото и ирациото… Мислата е првата и внатрешно осмислувачка содржина на неговите дела, која на некој начин ги дообликува ликовните визии во нашата свест.


Реалната форма во неговите платна, решена како фигуративни композиции во класичен кулоарско-илузионистичи декор со крајно поедноставени кукловидни човечки форми и редуциран хроматизам го означува оностраното и недефинираното.Неговите цртежи комбинирани со текстови, прибелешки, теоретски и литерарни разгледувања, упатуваат на користење на одредени елементи, методи и сознанија од надреализмот и психоанализата.Останува впечатокот за недореченоста на македонската критика за овој автор, со чувство дека нешто се крие зад она што го гледаме и читаме во неговите дела. Тоа предчуствување и таинственост е можеби најзначајното во процесот на создавање, па така преку оваа изложба за прв пат во целост ќе биде презентирано пред македонската јавност.

 
Изложбата ќе биде поставена во Чифте амам, отворањето е на 1 септември 2023 (петок), во 20 часот и за публиката ќе биде достапна до 24 септември 2023 г.  
 
Куратор Горанчо Ѓоргиевски, кустос во Националната галерија
Share Button

Информации

Почеток:
септември 1, 2023 @ 20:00
Крај:
септември 24, 2023 @ 18:00
Cost:
MKD100
Event Tags:
, ,

Локација

Chifte Hamam – National Gallery of Macedonia
Bitpazarska
Skopje, MK 1000 Macedonia
+ Google Map
Тел.
+389(0) 2 3227-986