Loading изложби

« Сите изложби

  • This event has passed.

Ангел Димовски – Чауш „50 години творештво“

февруари 1, 2024 @ 19:30 - февруари 18, 2024 @ 18:00

MKD100
Share Button

Почитувани, Ве информираме дека во Националната галерија, објект Чифте амам на 1 февруари 2024 година во 19.30 часот  ќе се отвори ретроспективната изложба на Ангел Димовски – Чауш со насловена „50 години творештво“ и воедно претставува можност македонската културна јавност да се запознае со богатиот творечки опус на овој наш уметник кој повеќе децени живее и работи на релација Македонија – Франција.

            Делата кои Ангел Димовски Чауш ги творел во текот на изминативе педесет години имаат четири тематски/идејни целини. Компонирани се од фигуративни, предметни, јазични и археолошко-етнографски содржини.
            На стилски план е остварен личен израз во сите четири тематски целини, како спој на инвентивно употребен еклектицизам на архаичното, примитивистичкото, нивните модернистичко-авангардни преработки, поп и рок културата. Во таа смисла, скулптурите на Анегл Димовски Чауш припаѓаат на модернистичко авангардната линија кој исконското го внесе во модерното. Тоа се скулптури чиј заеднички именител е интенцијата да се изрази говорот на телото обликувано во стилизирани робусни и елегантни анатомски дисторзии, или сведено на апстрахирано тело-лушпа во активност. Во неговите дела се препознаваат главниот мотив – жената и придружниот мотив на птицата, при што асоцијациите за преплетување на антропоморфното во зооморфното, и обратно, се често присутни.
            Другата целина ја претставуваат сликарско-скулпторски објекти со критичка ангажираност на конкретни актуелни состојби, случувања и процеси во екологијата, политиката, културното наследство, националниот идентитет, сообраќајната (не)култура.
            Третата целина се омажи за писмото/јазикот, за описменувачите и јазичните кодификатори на старословенската глаголица и кирилица, и на современиот македонски јазик, додека четвртата целина е своевиден омаж на т.н. примитивизам на црнечката скулптура споена со сензибилитетот на поп и рок културата, на која и припаѓа уметникот од времето на неговата младост.

Share Button

Информации

Почеток:
февруари 1, 2024 @ 19:30
Крај:
февруари 18, 2024 @ 18:00
Cost:
MKD100
Event Tags:
,

Локација

Chifte Hamam – National Gallery of Macedonia
Bitpazarska
Skopje, MK 1000 Macedonia
+ Google Map
Тел.
+389(0) 2 3227-986