- This event has passed.
КАПЕЊЕ – Axiotomic + IXgram – Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков
декември 27, 2023 @ 20:00 - јануари 7, 2024 @ 18:00
MKD100Како последен проект за 2023 година го најавуваме мултимедијалното претставување на авторите Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков насловена „Капење“. Оваа инсталација на видеа и звук ќе биде поставена во просторот на Чифте амам на 27 декември 2023, официјално од 20 часот, па се до 7 јануари 2024 година.
Амамот, односно неговата функција во даденото време, бил јавен простор каде се вршело прочистување на телото, но и размена на информации од секојдневниот живот на чаршијата.
Со овој проект, на еден симболичен начин, ја продолжуваме традицијата на амамот, како место за прочистување, додавајќи и една нова димензија, а тоа е прочистување на перцепцијата со светлосни и аудио визуелни “козметички” средства.
Светлосно визуелниот дел содржи видеа и звук проектирани на ѕидовите, додека посетителите со своите сенки ќе дадат една непредвидлива динамика на сиот визуелен простор, кој во ниту еден случај не може да биде повторен. Визуелната константна менливост асоцира на минливоста која во вакви објекти со специфична намена, се места каде човекот се релаксира и можеби добива мала шанса да ја согледа минливоста.