
- This event has passed.
Изложба на фотографии од Феликс Надар
декември 6, 2018 @ 20:00 - јануари 25, 2019 @ 18:00
MKD50
Четириесетина најдобри портрети на францускиот фотограф со светска слава, Феликс Надар (1820-1910) ќе бидат претставени пред македонската публика во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица.
Помеѓу портретите е и оној на Сара Бернар, Александар Дима, Клод Дебиси, Шарл Бодлер, Жорж Санд, Жак Офенбах, Емил Зола, Жив Верн и уште дететина големи имиња од крајот на 19 и почетокот на 20 век.
Изложбата е во заедничка организација на Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија, благодарение на престижниот Jeu de Paume вo Париз, во соработка со Медијатеката за архитектура и културно наследство и Министерството за култура на Франција.
Гаспар-Феликс Турнашон, познат под псевдонимот НАДАР, е роден во Париз на 6 април 1820 година. Работел како фотограф, карикатурист, новинар и писател.
Бунтовен и храбат, со чисто изразени социјални идеи, бил првиот фотограф кој се спротиставил на општото јавно мислење, развивајќи ги до крај своите лични идеи и вкусови. Неговото име ќе остане запишано во историјата на фотографијата, како првиот човек кој направил фотографија од воздух.
Ги претставува и воведува жанровите аерофотографија и портрет. Сакал да ги фотографира оние кои лично и непосредно ги познава. Архивата на Надар содржи фотографии од речиси сите познати писатели, поети, артисти, актери, музичари и танчери во своето време.
Бил нарекуван и „фотографот на ѕвездите“, своевиден експериментатор и впечатлив артист, чии портрети претставуваат Пантеон на неговото време.