
- This event has passed.
Биљгаип Кочиштe БИГЕ – Изложба “1441“
септември 21, 2020 @ 12:00 - септември 30, 2020 @ 18:00
MKD100
На 21.9.2020 г. во 12 часот во Националната галерија, објект Чифте амам ќе биде отворена самостојна изложба на БИЉГАИП КОЧИШТE – БИГЕ под наслов “1441“ на која авторот ќе се претстави со четириесетина дела.
Протоколот за заштита од Ковид-19 и понатаму останува задолжителен!
Во текот на човечката историја, феноменот на миграција, во имигрантските или емигрантските вектори, покажал депопулација на личност, група или маса на луѓе од социјални, политички, економски и интелектуални причини. Покрај тоа, феноменот на миграција во повеќе анализи стекнувал различни димензии со тоа што се класифицирал како “бегство”, “постигнување”, “депортација”, “исклучување”, исто така и во афирмативни контекстуализации како “човечка мисија”, “одлив на мозок”, “транседентална транспозиција” и слично. Горенаведените димензии се карактеризираат со заеднички именител кој, пред сè, феноменот на “миграција” го претставува како просторно позиционирање на „битие-таму-некаде” или временсо позиционирање „битие-таму-некогаш” или „битие-таму-после“.