
- This event has passed.
Изложба на Стојан Павлески во Чифте амам
септември 17, 2021 @ 20:00 - октомври 1, 2021 @ 20:00
MKD100
Изложбата на Стојан Павлески во Чифте амам, официјално ќе биде отворена на 17 септември, со почеток во 20 часот. Истата можете да ја посетите секој ден во неделата, освен понеделник, од 10 до 18 часот.
Концептот „Глува соба“ ја преобмислува антрополошката димензија на уметноста во рамки на технолошката ера, во прeсрет на враќањето на примитивната енергија на капитализмот.
Алегоризирајќи го „монументот“ на тоталитарните процеси, „глува соба“ престојува во доменот на можностите, трагајќи по нови политички аксиоми, по нови форми на „слободно здружување“, со заложби за нова „апстрактна утопија“која се надева на „општествено созревање“. Ова не е празен гест кој се обидува да се изземе од својата функција, туку „социјален гестус“ во формативна (инестетичка) фаза кој ја следи античката улога на авторството, да ја повика заедницата да се соочи сосопствената хипокризија и идеолошки да го соочи „сиромашниот“ спектакл на капитализмот со „реалното“ на луѓето.
„Глува соба“ не одрекува дека можеби е уште едно уметничко клише, уште една наративна тавтологија која само го потврдува присуството на големите означители, но и покрај тоа, таа се пројавува, се открива себеси, се себеконституира пред масите, пред замислената публика и нејзината ученост, повикувајќи на уште една револуција, сина револуција, предодредена/осудена на неуспех.